Мамдани бара начин да го уапси Нетанјаху

Нетанјаху

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, соопшти дека градската правна служба ја испитува можноста за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при неговото очекувано доаѓање во градот за Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Мамдани, сепак, признава дека засега нема утврден правен механизам со кој градските власти би можеле да ја спроведат таквата намера.

„Станува збор за лице против кое Меѓународниот кривич против кое Мен суд има издадено налог за апсење“, изјави Мамдани, додавајќи дека налогот треба сериозно да се третира без оглед дали се однесува на Нетанјаху, рускиот претседател Владимир Путин или друг функционер. Тој истовремено нагласи дека неговата администрација ќе ги почитува сите важечки закони.

Неговата изјава е повнимателна од претходните предизборни најави дека полицијата би го привела Нетанјаху доколку стапне во Њујорк. Мамдани сега вели дека градскиот правен тим ја анализира дозволената постапка и дека нема да ги менува или заобиколува законите.

Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш ја отфрли можноста израелскиот премиер да биде приведен.

„Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен, на кој било начин, во каква било форма, додека се наоѓа во Соединетите Американски Држави.

Меѓународниот кривичен суд го издаде налогот на 21 ноември 2024 година. Судскиот совет утврди дека постојат разумни основи за сомнение дека Нетанјаху и тогашниот министер за одбрана Јоав Галант носат кривична одговорност за употреба на гладувањето како метод на војување и за злосторства против човештвото, меѓу кои убиство, прогон и други нечовечки дела.

Израел ги отфрла обвиненијата, не ја признава надлежноста на судот и го нарекува налогот политички мотивиран. И Израел и САД не се држави членки на Римскиот статут.

Нетанјаху традиционално присуствува на септемвриските заседанија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Најчитано