Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Ние го имаме Пендаровски, сериозен претседател со јасен правец, а ВМРО-ДПМНЕ ја имаат Силјановска која е бледа копија на Иванов

„Ние го имаме Пендаровски како еден сериозен претседател кој што веќе 5 години е претседател. Имаме јасен правец на државата со него, нема отстапено за ниту еден од принципите за кои сме се залагале сите овие години, и со него сме на сигурно и знаеме што ќе се случува и можее да се надеваме и веруваме на стабилност и европски правец. Од друга страна, ја имаме Силјановска, која се појавуваше со Иванов и се потврди она што јас го велев дека Силјановска е една бледа копија на Иванов,“ рече првиот вицепремиер и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ на поткастот „Политиканти“ на Слободен печат.

Тој посочи дека тоа би била истата политика со поголеми последици. Затоа што, смета Маричиќ, и Силјановска и Иванов, тоа е една убаво спакувана демагогија којашто се продава како слободарство, а во суштина е еден тежок политички конзервативизам и убаво спакуван национализам, кој не нуди ништо прогресивно.

Треба да знаете
Moже да ве интересира