Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Не ни покажувајте мускули, јас никому не поднесувам објаснувања, му одговори Мицкоски на Дачиќ, а Таравари се согласи

Министерот за здравство одби да го коментира бегството на ОВК борецот Блерим Рамадани, но практично се согласи со одговорот на премиерот дека кажал сѐ во врска со овој случај, кој пак им порача на соседите да не покажуваат мускули и дека тој никому на поднесува објаснувања.

Ова е директен одговор на реакцијата на српскиот министер за внатрешни работи Ивица дачиќ кој вчера изјави дека „македонските власти да објаснат како им избега поранешниот припадник на ОВК Рамадани

Мицкоски за случајот Блерим Рамадани покажа со прст кон судот и судијата којшто донел одлука на лицето коешто е заробено како резултат на меѓународна потерница од Србија да му биде одреден домашен притвор по што овој се дал во бегство и денеска е во Косово.

„Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика и инжинеринг, тоа е веќе друга анализа. Има институција којашто е сѐ уште важечка, се вика Судски Совет, којшто знаете со какви контроверзи беше пропратен во изминативе години, и тие нека се занимаваат со тој судија“, рече Мицкоск.

Тој рече дека ова прашаење не требало да прерасна во политичка тема.

„Ова не требаше да биде тема и апелирам до сите вас да не дозволиме нашите соседи да ја користат нашата држава како прокси во покажување меѓусебни мускули“ порача Мицкоски.

Најново