Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пружената рака на Мицкоски најавува уставно редефинирање на Македонија во бинационална држава

Мицкоски пружи рака за уставно редефинирање на Македонија во бинационална држава
Мицкоски пружи рака за уставно редефинирање на Македонија во бинационална држава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пружи рака со понуда, а Арбен Таравари, кој се препознава како лидер на Вреди/Влен, ја прифати и со тоа станува отворен просторот зауставно редефинирање на Македонија во бинационална држава.

Како што информира телевизијатаТВ 21, Мицкоски се сретнал со Арбен Таравари, еден од лидерите на Вреди, кој беше и претседателски кандидат на коалицијата. На прашањето за што се разговарало на средбата, и зошто не биле присутни другите лидери, од Вреди одговориле:

„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“.

Од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема соопштение што е разговарано на оваа средба.

Само така може да се толкува овој очаен гест на Мицкоски откако последниве денови се гледа пресврт во расположението на гласачите кое не оди во прилог на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа подадена рака на Мицкоски до Вреди/Влен е всушност она што Рацин.мк го најави пред неколку дена кога посочи не некои точки во програмата на Вреди/Влен што најавуваат уставни промени за редефинирање на Македонија.

Нов Устав кој ќе ја редефинира земјата како еднаква на двете мнозински заедници

Влен/Вреди ветува дека „ќе се изгради консензус за нов Устав, подемократски и помодерен, кој ќе ја редефинира земјата како еднаква држава на двете мнозински заедници, но со гарантирани целосни права на малцинските заедници Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците, Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните“.

Новиот Усатв ќе ја отвори вратата за конечна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, запишале Влен/Вреди во својата изборна програма.

Во сферата на образованието, Влен/Вреди ќе формираат заеднички Совет на албанските универзитети за подигање на квалитетот на студиите за да „не бидат принудени нашите најдобри студенти да избираат унуверзитети на македонски јазик“.

Низ програмата на Влен/Вреди доминира дека сите политики во образованието ќе се координираат и усогласуваат со властите во Албанија и Косово.

Во соработка со Албанија и Косово, пишува во програмата на оваа коалиција „ќе се унифицира системот и наставните програми“.

Уште се вели дека „за предметите јазици, книжевност, историја, географија и други поврзани со општеството и културата треба да се користат истите текстови и наставни програми со Албанија и Косово“.

Овие заложби одат и понатаму, па така се најавува дека „Законот за празниците мора да ја одразува еднаквоста и целосно да бидат признаени и албанските национални празници“.

Употребата на албанската национална химна, грб и знаме во училиштата и институциите ќе ужива едакво законско право со она на Македонците“, запишале во програмата и го ветуваат тоа во кампањата од Коалицијата Влен/Вреди.

Овие денови беше укажано и на уште две точк во програмата на Влен/Вреди: Ќе се залагаат и ќе бараат од партнерот Банка за Албанците и Албанска академија на науките, како и признавање на алабанскиот јазик како службен јазик на целата територија на Северна Македонија и претседателот на државата да се бира во Собранието со двотретинско мнозинство и бандентерово мнозиство.

Приштинската платформа е реална закана, а не фикција како „Тиранската“

Сега станува уште појасно зошто косовскиот премиер Албин Курти беше така пречекан во Македонија, односно во Тетово кој беше прогласен за главен град на Албанците во Македонија и се развеа огромното знаме над целиот собир под Шар Планина.

Сега е јасно зошто Курти беше против Отворен Балкан. Тој концепт е сосема спротивен на идејата за хомогенизација на Албанците во регионот, наспроти на еден отворен концепт на поврзани земји од Западен Балкан во кој свое место има Србија.

Станува јасно и зошто на Еди Рама, премиерот на Албанија, се гледаше како на „туѓо тело“ во оваа операција зашто тој, како прогтресивен европеец, немаше доволно „експлозивно полнење“ за да биде дел од оваа платформа

Приштинската платформа е реална закана, а не фикција како „Тиранската“.Точките од програмата на Влен/Вреди што го потврдуваат ова, се првата фаза за институционална поделба, а потоа и територијална, зошто да не.

Треба да знаете
Moже да ве интересира