Најмалку 17 мигранти од Тунис исчезнаа на пат кон Италија

– Најмалку 17 мигранти од Тунис исчезнаа на пат кон Италија, соопшти денеска туниската крајбрежна стража.

Претставник на крајбрежната стража, Хусем Един Зебабли изјави дека меѓу исчезнатите е и петгодишно дете.

Мигрантите заминале минатата недела на рибарски брод од Бизерте, на северот на Тунис.

Крајбрежната стража и морнарицата со помош на хеликоптери започнаа операција за потрага по исчезнатите лица.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?