Нападнал 15-годишна ќерка: уапсен маж од Сарај

Полицијата утрово лишила од слобода 54-годишен маж од село во општина Сарај, по пријава за семејно насилство во домот. Настанот, според полициските информации, се случил околу 05:00 часот, кога мажот, под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 15-годишна ќерка.

Инцидентот бил прекинат откако неговиот син успеал да ги раздели. На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот најавено е поднесување соодветна пријава.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?