Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Не можам да платам, не сакам да платам“ – нова премиера на Кумановскиот театар

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир Николовски е новата претстава на Кумановскиот театар, која премиерно ќе биде прикажана в петок, на 17 мај годинава со почеток во 20 часот.

Текстот е актуелен и денес, иако е пишуван во 70-тите години од минатиот век, информираа  на денешната прес-конференција од театарот.

-Ова е моја прва претстава и одлично соработувавме со тимот од театарот. Прекрасна екипа се и беше убава можност да се почне нова карира за млад режисер како мене. Претставата е актуелна и ден денес, бидејќи инфлацијата, кризата и сега се чуствуваат како и тогаш. Ликовите наоѓаат начин како да се справат и како да се изборат со ова. Очекувам преставата да наиде на добар прием кај публиката, изјави Николовски.

Во претставата играат  Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Давид Илиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ. Тие денеска ја повикаа публиката да ја проследат и премиерата и репризите кои следат.

-Социјалната разлика која и денес постои креира апсурд, кој е доловен преку различни ликови, кажа актерот Жарко Јовановиќ. Неговите колешки Михајловска Величковска и Крстевски велат дека темата и текстот се интересни за работа.

По хаосот во супермакрет и прескапите цени за продуктите, група жени одлучуваат да не плаќаат за нив и создаваат хаос во градот. Актерите оценија дека претставата е комична, игрива и очекуваат публиката да ужива во неа.

Акетрот Трајковиќ не очекува по претставата кумановци да направат хаос во супермеркет, туку ќе уживаат во неа и ликовите.

-Сѐ започнува со хаосот во еден супермаркет, по силен протест на голема група жени незадоволни од исцрпувачката инфлација, енормното и секојдневно поскапување на цените и константното осиромашување. Духовитите и сатирични дијалози и настани силно удираат по општествените апсурди и видливи слабости, многу актуелни и во нашето време и на нашите места. Борбата на ликовите за класна и социјална правда, етичност и економска сигурност драстично се отежнати од принудната борба за преживување во погрешниот систем во кој живеат. Нивната (не)спретност во тие борби може да нѐ замисли, но повеќе од сигурно е дека добро ќе нѐ насмее, пишуваат од Кумановскиот театар.

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски кажа дека  претставата е поддржана од Министерстото за култура и ги покани граѓаните да ја проследат.

Треба да знаете
Moже да ве интересира