Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Низ очите на Филипче, идните неврохирурзи учат како се оперира

Познатиот неврохирург Венко Филипче, објави видео како ги едуција неговите млади колеги идни неврохирурзи. Во сала на Неврохирургија со камера на глава проф. д-р Филипче снима како оперира за специјализантите по неврохирургија да може да учат.

Филипче за време на операциите секогаш е опкружен со млади лекари специјализанти за кои вели дека се иднината на Клиниката за неврохирургија.

,,Треба да се грижиме за иднината на здравствениот систем. Младите колеги идни лекари, хирурзи имаат голема желба за знаење, едукација и пракса. Наша обврска е преку тимска работа, чести пракси да ги едуцираме. Инвестирајќи во нив, споделувајќи ги искуствата и тајните на неврохирургијата, инвестираме во модерен здравствен систем”-вели проф.д-р Филипче.

Снимените операции кои ги најави Филипче ќе бидат нов ресурс преку кој студентите на Клиниката за неврохирургија, директно ќе се запознаваат со процесот на операција. Ваква пракса досега немало на Неврохирургија.

Видеото ,,Низ очите на еден неврохирург”, може да го погледнете тука.

Треба да знаете
Moже да ве интересира