Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јаневска со „креативно“ објаснување – Нема да има учебници за странски јазици, децата учат од сериите, не им треба граматика

Во новата учебна година ќе има учебници за сите одделенија, освен учебници за странски јазици, рече министерката за образование Весна Јаневска и додадедека тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.

„Учебници ќе има за сите одделенија. Нагласувам како и многу години наназад, за жал, не по моја вина, затоа што постапката е сѐ уште во одредени процедури, нема да има учебници за странски јазици. Но, учебници за странски јазици ќе има догодина и нема да има печатен, значи хартиен материјал за јазиците на заедниците, кои ќе бидат објавени на веб-страницата на Бирото за образование, а бидејќи станува збор за јазик, наставниците користејќи ги тие материјали, ќе можат да им предаваат на учениците. Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик – именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа,“, рече Јаневска на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во село Булачани.

Министерката денеска соопшти и дека се укинува пролетниот распуст, откако Министерството за образование и наука во јули испрати прашалник до наставниците, родителите и учениците да го дадат своето лично мислење за организирање на пролетен распуст во учебната 2024-2025, поради различните ставови во пролетниот рапуст во измината учебна година.

Јаневска рече дека одговорите на родителите и повозрасните ученици покажале дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има.

Зачлени се на нашиот е-билтен