Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОФФ-фест ќе се одржи, Министерството за култура ја усвои жалбата

ОФФ-фест ќе се одржи. По поднесената жалба од страна на организаторот на фестивалот „ОФФ-фест“ до Министерството за култура, за корекција на одлуката за поддршка на 22. фестивалско издание, таа е уважена и организаторот објави дека ќе биде одржан.

Претходно, Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ги охрабри да поднесат формално правна жалба, наместо препукување на социјалните мрежи.

По објавените резултати за поддршка на конкурсот на Министерството за култура, на 15 февруари од ОФФ-фест реагираа со објава на социјалните мрежи, велејќи дека фестивалот ќе биде откажан и дека доделената сума не е доволна тој да биде организиран.

Сепак, повикот од министерката да го искористат своето право на жалба бил искористен и несогласувањата се надминати.

„Секој има право на жалба. Лани имавме долг период на ребаланс на буџетот, два и пол месеци  беше во Собрание. Не е точно дека требало да дојде ноември за да легнат средствата. Направив едно мало истражување и во 2019, Офф-фест добиле 1 милион денари, поднеле жалба, и добиле уште 1 милион денари. Вкупно 2 милиона денари. Правото на жалба секој има право да го користи, онаму каде секој смета дека сумата од икс причини не е таа што треба да ја добијат и треба да добие повеќе, и тоа е право на жалба која почнува да тече 15 дена откако ќе го добијат решението. Бидејќи жалбата се поднесува електронски, се скратува периодот за одговoр  на жалбата, кој исто така ќе трае 15 дена“, рече министерката на брифинг со новинарите што се одржа на 15 февруари по повод реакциите на конкурсот.

А. В. (НоваТВ)

Треба да знаете
Moже да ве интересира