Ова се топ најпродаваните коли во Грција за првата половина на 2026

Најпродаваните коли во Грција во првата половина на 2026 година покажуваат дека купувачите сè повеќе избираат мали теренци и хибридни автомобили. На врвот убедливо се најде „Тојота јарис крос“, пред „Пежо 2008“ и стандардниот „Тојота јарис“.

Во првите шест месеци од годината во Грција биле регистрирани 83.869 нови патнички автомобили, што претставува раст од 7,4 отсто во споредба со истиот период во 2025 година.

„Тојота јарис крос“ го освои првото место со 4.675 регистрации. На втората позиција е „Пежо 2008“ со 3.763 продадени возила, додека „Тојота јарис“ е трет со 3.282 регистрации.

МестоМоделРегистрации
1Toyota Yaris Cross4.675
2Peugeot 20083.763
3Toyota Yaris3.282
4Citroen C33.064
5Renault Clio2.956
6Suzuki Vitara2.877
7Dacia Sandero2.621
8Opel Corsa2.401
9Hyundai i202.198
10Kia Picanto1.980

Малите теренци од категоријата B-SUV зазеле 37,2 отсто од грчкиот пазар, во споредба со 34,8 отсто во првата половина од минатата година. Пет од десетте најпродавани модели припаѓаат токму на оваа категорија.

Повеќе од половината новорегистрирани автомобили, односно 56,6 отсто, имале целосно хибриден или благ хибриден погон.

Само во јуни биле регистрирани 18.672 нови патнички автомобили, што претставува најдобар месечен резултат на грчкиот автомобилски пазар во последните 16 години.

Најчитано