Пендаровски: Заокружувањето на бројот 1 на 24 Април е гаранција дека Македонија ќе оди напред

„Многу е важно на 24ти овој месец уште на првиот круг, да покажеме огромно мнозинство на гласачките места, со заокружување на бројот 1, и да покажеме дека македонските граѓани во доминантен број, сакаат државата да продолжи напред, кон развиениот свет, а не да се враќа кон заробената држава, каде еден газда решаваше за судбината за животите на сите останати. На 24 ти, изборите нема да завршат, меѓутоа јас ве уверувам дека од резултатот на 24ти , ќе се знае резултатот на 8 ми мај и на двата избори“, рече Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски од граѓанската трибина во Кочани.

Тој им порача на граѓаните дека имаат само една единствена гаранција, дека Македонија ќе оди и натаму кон развиениот свет, и ќе биде дел од Европа за многу кратко време, со заокружување на бројот 1.

„Немојте да ги гледате другте бројки на ливчето, ова што ви го кажувам јас, особено бројот 2 , ве носи назад, во рециклажа на режимот. Се е исто само нивниот шеф Груевски го нема. Сите се исти и исти политики ќе тераат, ако случајно дојдат повторно на власт.Ние сме против тоа, со ваша подршка го тргнавме режимот, после 11 години, и повтоено во огромно мнозинство нема да му дозволиме на тој режим да се врати на власт“, порача Пендаровски

Треба да знаете
Moже да ве интересира