Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пенов во студио на Слободен печат: Владата обезбеди дополнителни 35 милиони евра наменети за проекти во општините

Владата, согледувајќи го проблемот со ниската реализација на проекти во општините, со последниот ребаланс издвои 35 милиони евра наменети за проекти што општините ги имаат целосно подготвен, со цел да можат да се реализираат од оваа 2024 година, истакна министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов во интервју за Студиото на Слободен печат.

Пенов рече дека целта на Министерството е да се подигне општото задоволство на граѓаните, а притоа воопшто не се прави поделба која општина од која партија е продводена.

„Ние преку програмите, како онаа на Бирото за регионален развој не ги делиме општините по партии, туку се ценат проектите. Исто е и со Програмата за диспаритети што се реализира преку Министерството. Постојат и други програми преку Министерството за транспорт и врски, бидејќи Светска Банка дава заеми и таа работи само со влада, не може директно да финансира општини. Преку Минитерството за транспорт и врски отворена е програма од 50 милиони евра за локални улици во општините. 50 милиони од Светска Банка одат и преку Министерство за животна средина за проекти за водоснабдување и канализации во општините, но и тој процес оди бавно, затоа што општините ги немаат завршено проектите“, посочи Пенов во интервјуто во студиото на Слободен печат.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново