Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Политиканти: Изборот на Мицкоски се кадрите на Груевски и неговите политики од кои тој не се огради

„Изборот на Мицкоски е тој, она што го говориме со денови и месеци. Таму нема никакво изненадување, таму воглавно се кадрите коишто беа кадри и за време на власта на Груевски. Не очекувам дека ќе слушнеме ништо ново. ВМРО-ДПМНЕ генерираат црни вести и тоа продира во јавноста“, посочува аналитичарот Сашо Орданоски во поткастот „Политиканти.

Тој додаде дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ сега го прави години наназад претерано заплашување на народот со идентитетски проблеми, се се распаѓа, ништо не чини, доаѓа крај на светот за да речат подоцна темите кои се поврзани со идентитетот со нивно доаѓање дека ќе ги штитат.

Неговиот колега од поткастот „Политиканти“ Борјан Јовановски, истакна дека „нема да се случи Мицкоски да се огради од оние политики на Груевски кои навлегоа многу длабоко во сферата на демократските вредности“.

„Мицкоски со Груевски е скаран, влегува во кавга и тој потесен круг околу Мицкоски кои се сега носители на листи, но таа кавга е сведена на нешто персонално, нема ништо идеолошко. Мислам дека нема да се случи Мицкоски да се огради од оние политики на Груевски кои навлегоа многу длабоко во сферата на демократските вредности, во смисла на слободата на изразување, слободата на медиумите која беше очајна во тоа време, до степен на квалификација од ЕК дека станува збор за заробена држава“, изјави новинарот Борјан Јовановски на поткастот „Политиканти“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира