Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го „бомбардираа“ Мицкоски со прашања поврзани за успесите на Владата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, му постави прашање на премиерот Мицкоски за поддршката за општините кои, како што рече, долго време биле запоставени и заборавени. Мицкоски од собраниската говорница му одговори дека општините оваа година ќе добијат шест милијарди денари и уште 15 милијарди денари идната година и тоа за проекти кои ќе се развиваат неколку години.

-Сите општини, без разлика на политичката припадност на нивното раководство, дадоа проекти и добија средства, со исклучок на една која приложи тековен проект. Се надевам дека и таа ќе ги поднесе потребните документи, рече Мицкоски.

Мицкоски зборуваше и за стратегијата до 2050 година чие изготвување го најави на 23 октомври. Од собраниската говорница повторно повика на консензус од сите политички чинители, повторувајќи дека со овој документ ќе се дефинираат приоритетите за развој на државата: демографските предизвици, економските цели, земјоделскиот, технолошкиот развој, енергетскиот и транспортниот развој. 

Зачлени се на нашиот е-билтен