Премиерно претставување на концертното пијано C.BECHSTEIN

Спектакуларна вечер и единствена можност имаше публиката која присуствуваше на концерт, на кој изведувачите и гостите го прославија пристигнувањето на новото концертно пијано C.BECHSTEIN D-282, единствен примерок од тој вид во Македонија и на Балканот.

Премиерното претставување на концертното пијано се одржа во Гевгелија, во концертната сала на хотелот Paint It Black, со настап на Васил Хаџиманов и Иво Настевски, кои исполнија програма со џез стандарди и авторска музика, а како специјален гостин на вечерта настапи добро познатиот македонски џез вокал Џон Илија Апелгрен.

Според познавачите, Македонија сега е збогатена со досега најдоброто пијано во државата, а македонската сцена со уште еден концертен подиум, на кој е предвидено во иднина да бидат поканети големи музички имиња од светот.

За време на концертот во Paint It Black публиката со воодушевеност возврати со громогласни аплаузи за време и по завршувањето на концертот.

За аудио распространувањето до трите концертни ареали на хотелот Paint It Black, одговорноста ја понесе нашиот неповторлив Веселин Теохаров – кралот на звукот којшто се погрижи за совршен аудио пренос на сценскиот звук.

Треба да знаете
Moже да ве интересира