Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Промоција на романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски во КИЦ Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска ќе биде промовиран романот „Боксерот од Ново маало“ од Владимир Плавевски.

На настанот посветен на македонскиот писател, новоиздадената преведена книга ќе биде претставена од бугарскиот издавач и книжевен критичар Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“), како и од преведувачите Маријан Петров и Тања Попова.

Попова ќе ја претстави и претходната книга на Плавевски – збирката раскази „Динга стоп“.

-Плавевски раскажува за уличниот тепач од своето детство со звучниот прекар Дери Катил во романот „Боксерот од Ново маало“ (во издание на „Персеј“, во превод на Маријан Петров), кој ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година. Владимир Плавевски (1948-2023) имаше многустрана писателска кариера, вклучувајќи не само романи и раскази, туку и драми, сценарија за телевизиски серии и радио драми. Неговото мајсторство му донесе награда за роман на годината во 2013 година, за книгата „Јадица“ (Персеј, 2018). „Боксерот од Ново маало“ е уште едно негово емотивно четиво, во кое низ приказната за насилникот од маалото, Дери Катил, ги доживуваме сите искушенија низ кои поминаа скопјани во кобните 1962 и 1963 година. Благозвучниот наратив на Владимир Плавевски го претвора сеќавањето на тоа сега далечно време со незаборавни ликови во литература, со одличен квалитет. Неслучајно романот е оценет од критиката и со една од најпрестижните македонски книжевни награди, се наведува во најавата за промоцијата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен