Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин и Лукашенко ја потврдија подготвеноста за соработка во борбата против тероризмот

 Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко, кој изрази сочувство поради терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за новинарите изјави дека Путин и Лукашенко ја потврдиле подготвеноста да соработуваат во борбата против тероризмот.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва загинале 93 лица, соопшти Рускиот истражен комитет.

Треба да знаете
Moже да ве интересира