Градот Скопје, под водство на Орце Ѓорѓиевски, има јасно поставени приоритети, а тоа се вештачка интелигенција што изработува билборди со грешки и дрон што од воздух бара пена во реката, реагираат утрово од СДСМ.
СДСМ, се осврнува и на последната јавна набавка на 150 автобуси.
„А во меѓувреме – Орбанови автобуси платени за 8.000 евра повеќе од пазарната цена. Или за 1.2 милиони евра повеќе од последниот тендер кој пропадна.
Додека во шест града граѓаните се соочуваат со загадена вода, а по Лепенец и Вардар плови бела пена, градоначалникот пушта дронови и глуми загриженост. Скопје не доби чиста вода. Скопје не доби чисти реки. Скопје доби депонии. Скопје доби прескапи автобуси, билборди со грешки и дрон што треба да го открие она што секој граѓанин може да го види со голо око“ стои во реакцијата.
„Ова не е управување со градот. Ова е циркуска претстава со скапи реквизити“ додаваат од СДСМ
