Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Семејствата на израелските заложници ја повикуваат владата да го прифати предлогот за прекин на огнот

Семејствата на израелските заложници кои се држат во Газа ги повикуваат сите членови на нивната влада да го прифатат планот за прекин на огнот, преставен од американскиот претседател Џо Бајден, за кој рече дека е израелски предлог за ставање крај на конфликтот во Газа, пренесува СИ-ЕН-ЕН.

„Форумот на семејствата започнува итна операција за мнозинство во владата и Кнесетот за спроведување на договорот на Нетанјаху за ослободување на сите заложници“, се вели во соопштението на организацијата во саботата.

„Форумот бара враќање на сите заложници, некои за рехабилитација, а други за погреб“, осврнувајќи се на голем број заложници кои загинале, но чии тела се во Газа.

„Не го губете овој момент“, се додава во соопштението.

Семејствата на заложниците ќе одржат митинг во Тел Авив подоцна во сабота.

Во петокот, Бајден го претстави предлогот од три фази, за кој рече дека Израел го доставил за да ја смири кризата. „Време е оваа војна да заврши“, рече американскиот претседател.

Нетанјаху инсистираше на тоа дека неговите цели за војната „не се променети“ и во рок од еден час по говорот на Бајден јавно кажа дека земјата нема да ја заврши војната додека Хамас не биде поразен.

Н. Абдурахмани/ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен