Сирија: Иранската одмазда е легитимна

 Шефот на сириската дипломатија Фајсал ал-Мокдад изјави дека Иран има легитимно право на одмазда за нападот врз нејзиниот Конзулат во Дамаск.

Тој, во телефонскиот разговор со својот ирански колега Хосеин Амирабдулахиан, истакна дека иранскиот „одговор на ционистичкиот ентитет е легитимно право на самоодбрана“.

Додека во соопштение на сириското Министерството за надворешни работи се истакнува дека со нападите врз израелски воени цели Иран го искористил своето право на самоодбрана.

Треба да знаете
Moже да ве интересира