Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Скопска игранка“ во „Лабораториум“ на 13 ноември

Културно едукативниот центар „Лабораториум“ ги поканува жителите на Скопје од сите генерации, на новото, празнично издание на „Старата скопска игранка“ кое ќе се случи на 13 ноември со почеток во 19 часот. Влезот е слободен за сите.

„Овој 13 ноември ‘Лабораториум’ организира низа активности за прославување на денот на ослободување на Скопје. Како загревање, во 19 часот преку ‘Скопскиот квиз’ водителот Никола Наумовски ќе го ‘тестира’ знаењето на гостите за главниот град. Победникот ќе биде награден со 10 гратис пијалоци на игранката“, велат оттаму.

Од 20 часот, во халата на „Лабораториум“, ќе започне главниот дел на прославата наречен „Скопска игранка“.

„Диџеите Зоран Ингилизов и Влашки ќе ги разиграат гостите со најубавите стари македонски шлагери и светски хитови од 50, 60, 70 и 80 години на минатиот век. За уште поубаво одбележување на празникот, учениците од ОУ ‘Лазо Трповски’ ќе имаат изложба на цртежи на тема ‘Колку го сакаме Скопје’“, додаваат од Културно едукативниот центар.

Исто така, „Лабораториум“ заедно со академското друштво „Делта Му Делта“ при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје и граѓанската организација „Конект“, ќе организира и акција за донации.

Зачлени се на нашиот е-билтен