Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стани диџеј со најдобрите од скопската сцена

Во соработка со Арт Бригада и познати DJ имиња и музички педагози, ова лето на младите во Скопје Бруталиск им нуди низ забава да учат за клабингот и DJ-ите, да користат DJ опрема и софтвер и да научат да изведуваат и продуцираат електронска музика и hip-hop!

Школата за диџејство има за цел стекнување на едукативно, практично знаење за диџејството преку интерактивна, практична настава и сеопфатен пристап кон разработка на предвидените теми. Конципирана е во 10 работни средби во временски период од две недели, со фиксен термин од 14:00 до 17:00 часот секој работен ден. Една работна средба трае три саати со предвивена една пауза од 30 минути. Часот е организиран така што освен теоретското предавање на содржините предвидени во курикулумот, предвидува и практично работење и вежбање на добиените знаења и вештини поврзани со диџејството.

На крајот од школата на 01.09.2023 ќе се одржи вечерен настан во Бруталиск каде учесниците пред публика ќе ги покажат стекнатите вештини.

Регистрации и прашања во инбокс на Фејсбук страницата на Бруталиск, или на radiograd.sk@gmail.com. Побрзајте! Бројот на местата е ограничен на 15! First come – first served!

Треба да знаете
Moже да ве интересира