Бројот на загинати во украинскиот напад кај Геленџик се искачи на седум, повредени се 47 лица

Бројот на загинати во нападот во близина на Геленџик, во рускиот Краснодарски крај, се зголеми на седум, додека 47 лица се повредени, соопштија локалните власти. Според официјалните информации, меѓу жртвите има и три деца, а повеќе повредени се хоспитализирани со тешки повреди. 

Инцидентот се случил на плажа во туристичкото место Архипо Осиповка, недалеку од Геленџик, кога беспилотно летало експлодирало во близина на капачите. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа паника меѓу туристите непосредно по експлозијата. 

Руските власти тврдат дека станува збор за украински напад врз цивилна цел и ја обвинија Украина за намерно таргетирање на туристичката област. Од украинска страна засега нема официјална реакција, а Киев и претходно негираше дека намерно напаѓа цивилни цели на руска територија. 

Според независни воени аналитичари, сè уште не е јасно дали беспилотното летало било директно насочено кон плажата или ја сменило траекторијата поради дејствување на руската противвоздушна одбрана или системите за електронско попречување. Ова засега не е официјално потврдено. 

Нападот е дел од интензивирањето на воздушните операции меѓу Русија и Украина, при што двете страни последните недели сè почесто изведуваат напади со беспилотни летала длабоко зад линијата на фронтот. 

Најчитано