ФОТОГАЛЕРИЈА Уметничкиот проект „Поврзување“ на КИЦ Софија гостува во Сандански

Синоќа (8 ноември, среда) во Уметничката галерија на град Сандански беше отворена јубилејната изложба „Средба од десетти вид“, која е дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија и е подржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. На изложбата беа претставени околу 50 ликовни дела од 16 автори.

На настанот присуствуваа значајни претставници од културниот живот во град Сандански, уметници и љубители на ликовната уметност, како и раководството на Општина Сандански.

Сашко Насев, Атанас Стојанов и Иво Пецов (од десно на лево)

Изложбата ја отвори градоначалникот на Сандански, Атанас Стојанов, кој се обрати кон гостите срдечно и посака успешна соработка од областа на културата и во иднина. Директорот на КИЦ на Северна Македонија, проф. д-р Сашко Насев, ја искажа својата благодарност за гостопримството на Општина Сандански и подадената рака за соработка. Кураторот д-р Иво Пецов ја претстави содржината на изложбата и ги конкретно се осврна на авторските имиња и делата вклучени во неа.

Уметничката галерија на град Сандански, која е во склоп на Домот на културата, е домаќин на изложбата „Средба од десетти вид“ до 19 ноември годинава.

Треба да знаете
Moже да ве интересира