Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

УНРВА: Присилното раселување протера повеќе од милион луѓе од Рафа

 Присилното раселување протера повеќе од милион луѓе од градот Рафа во Газа, соопшти денеска Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (УНРВА).

Малиот град на крајниот југ во Појасот Газа е засолниште на околу милион Палестинци кои побегнале од израелските напади во другите делови на енклавата, според хуманитарните организации.

Од почетокот на мај, израелската војска спроведува ограничена операција во Рафа за да ги искорени борците на Хамас и да ја разбие инфраструктурата што ја користи палестинската исламистичка милитантна група која владее со Газа.

Израелската армија им порача на цивилите да одат во „проширената хуманитарна зона“ оддалечена околу 20 километри.

Многу Палестинци се пожалија дека се изложени на израелски напади каде и да одат, и да се движат по Појасот Газа во последните месеци.

УНРВА соопшти дека илјадници семејства сега се засолниле во оштетените и уништени објекти во градот Кан Јунис, каде што агенцијата обезбедува основни услуги и покрај „сè поголемите предизвици“.

– Условите се неописливи, нагласи агенцијата.

Треба да знаете
Moже да ве интересира