Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Васкопулос: Јас сум Македонец, немам потреба да го барам потеклото во антиката

„Кога се роди македонската национална идеологија, првите идеолози барале да има независна македонска држава. Првиот елемент, сите други национални идеологии сакале да создадат зависни држави со крал. Со ова се разликува од другите народи и другите власти во соседните држави“ изјави Павле Васкопулос, еден од водачите на партијата на Македонците во Грција „Виножито“ на поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека вториот елемент е улогата на црквата и дека за разлика од останатите држави во соседството, македонските идеолози, иако ги почитуваат сите религии не сакале да бидат едно – држава и црква.

„Третото, најважно, тогаш се родија најубавите идеи на социјализам кога се роди македонската национална идеологија. Ова во другите соседни држави го нема. Затоа сум јас Македонец, со овие три важни елементи и доволно ми е. Знам дека нема никаква потреба да барам потекло, да дискутирам за антиката, за предисторија“ заклучи Васкопулос.

„Ние бевме невладина организација уште на крајот на осумдесеттите години, кога не беше лесно во Грција да делуваш. Во ’94 година не беше лесно да регистрираш политичка партија во Грција. Знаете каква беше антимакедонска грчка политика против македонската држава со страшни демонстрации. Затоа помисливме дека е најдобро да добиеме поддршка од европски структури. Решивме да направиме чекор напред, отпатувавме во Брисел. Имавме убава средба со европратениците. Кога се вративме и решивме да направиме политичка партија очекувавме дека ќе има страшно пишување за нас како агенти на Скопје, но немаше како што треба за грчки национални интереси оцрнување“, посочи Павле Васкопулос во поткастот „Политиканти“.

Тој додаде дека Грците знаеле дека дури и негативниот публицитет е публицитет.

„Кога направивме обид за регистрација на партија еден месец пред изборите во Европа, беше одбиено во врховниот суд затоа што само таму се регистрираат политички партии во Грција. Но, заради нашите добри односи со парламентарната група European Rainbow, имаше страшна реакција од Брисел, што три недели пред изборите регистриравме „Виножито“. Со истото име како европската група на европратеници на народи без држави“, потенцираше Васкопулос.

Треба да знаете
Moже да ве интересира