Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Велика Британија планира да инвестира уште 117 милиони евра во развој на вештачката интелигенција

Британскиот министер за финансии Џереми Хант планира да го удвои финансирањето на британскиот институт „Ален Тјуринг“, национална организација за наука за податоците и вештачката интелигенција.

Според очекувањата, Хант ќе претстави петгодишен инвестициски пакет вреден 100 милиони фунти или околу 117 милиони евра, пренесува „Гардијан“.

Дополнителните средства ќе бидат распределени во три области, а вештачката интелигенција се очекува да има важна улога во трансформирањето на здравството, заштитата на животната средина и зајакнувањето на одбраната и националната безбедност.

Откако дојде на министерската позиција во октомври 2022 година, Хант постојано повторуваше дека сака да ја претвори Велика Британија во суперсила во областа на науката, како и дека сака неговата земја да стане „следната Силиконска долина“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира