Велосипедист почина откако бил прегазан кај браната „Гратче“

МВР иннформира дека вчера, околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода” со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт.

„По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани“ велат од МВР.

Најчитано