Процесот на долгонајавуваната владина реконструкција ќе почне викендот, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Петок и сабота се деновите кога би се разговарало со коалициските партнери по што треба да биде познато кој од министрите и замениците ќе се оди, а кој ќе продолжи со мандатот.
„Во петок и во сабота се закажани средбите со коалициските партнери од Вреди и од ЗНАМ“, рече премиерот Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања тој кажа дека ВРЕДИ останува коалициски партнер на Владата.
„Ние имаме исклучително коректна и, би рекол, пријателска соработка со нашиот коалиционен партнер ВРЕДИ/ВЛЕН. Очекувам така и во таа насока да продолжиме. Знаете дека по реализирањето на нашата соработка после изборите 2024 година следеа локалните избори каде што тие беа убедливи победници во 10 општини во, условно кажано, албанскиот дел во Македонија. Во овој момент не гледам пречка зошто нашата соработка да не продолжи“, рече премиерот Мицкоски.
Реконструкцијата на Владата премиерот Мицкоски најави дека ќе се случи по партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одбележи вечерва на стадионот во Струмица.
