Внимание: Каков Претседател посакуваш?

На денот на распишување на изборите, екипата на „Внимание, внимание“ ги прашува младите каков претседател посакуваат.

На прашањето „Дали ви е важно кој ќе биде претседател на Македонија?“, повеќето млади укажуваат на важноста на гласањето за претседател: „Клучно е кој ќе биде претседател, и кој ќе биде премиер“, вели една студентка. „Всушност, тоа е народот, тој што ќе биде претседател е изгласан од сите нас“, поентира друга студентка.

На прашањето „Каков претседател посакуваш?“, повеќето млади одговараат: „Некој што има емпатија и разбирање за луѓето и некој што има визија за наредните генерации“; „Некој што повеќе ќе се бори за младината…“, „Битно е да е претставителен и да се залага за квалитетен живот на граѓаните“, „Некој што може да си ги исполни ветувањата“; „Некој што навистина ќе инвестира во високото образование, и ќе гледа да не бегаме од државава“…

На прашањето „Кога Вие би биле кандидат за претседател, што би ветиле?“, младите даваат најразлични и оригинални предлози: „Би ветила бесплатно високо образование“; „Квалитетен живот на младите“; „Би ветил повеќе инвестиции, да порасне економијата, да се кренат платите повисоко“; „Да им овозможам европски пат на младите“…

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира