Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Швајцарија започна мировната конференција за Украина, учествува и претседателката на Северна Македонија

Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации.

На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што е размената на воени заробеници.

Конференцијата се одржува на иницијатива на Украина, а на ќе учествуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Целта на конференцијата е да се мобилизира меѓународна поддршка за Украина.

Русија во моментот контролира една петтина од територијата на Украина, вклучително и полуостровот Крим, анектиран во 2014 година.

Како што е објавено на порталот на претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, на покана на претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, ќе учествува на конференцијата во Луцерн во Швајцарија, ќе има свое обраќање и ќе оствари повеќе билатерални средби.

Зачлени се на нашиот е-билтен