Водата во Гостивар уште е само за техничка употреба

СДСМ

Сè уште не е за пиење, водата во гостиварскиот водовод и таа може да се употребува исклучиво како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот кризен штаб што тој го предводи.

„Штом ќе имаме три последователни резултати на исправна вода за пиење на сите мерни точки во градот, тогаш на гостиварци ќе им соопштиме дека водата е и за пиење освен како техничка вода како што се употребува до сега“ рече Тошковски.

Тошковски изјави и дека ќе продолжи испораката на вода за пиење во шишиња за Гостивар, додавајќи дека околу 580 000 литри се доставени во изминатите денови, од страна на Владата, од општествено одгвоорни компании и други општини.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?