За една седмица Грците пријавиле над 500 даночни прекршоци

 Една седмица откако беше пуштена  во употреба платформата на Независната управа за јавни приходи на Грција за пријавување даночни прекршоци, односно затајување данок, неиздавање фискални сметки, издавање лажни сметки и слично, веќе биле поднесени над 500 пријави, објави економскиот портал „Имересија“, јави дописничката на МИА од Атина. 

Конкретната апликација е достапна од почетокот на месецов и им дава можност на Грците, анонимно или со целосни лични податоци да поднесат жалби за даночни прекршувања, а според медиумите во Грција, по пријавата може да бидат и парично наградени до 3.000 евра.

Апликацијата, според „Имересија“, им овозможува на граѓаните преку нивниот мобилен телефон да ја проверат автентичноста на фискалните сметки што ги добиваат и да ги пријавaт случаите на даночно затајување со издавање лажни сметки. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира