Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев: Хидросистемот Конско говори за посветеноста на владите на СДСМ кон зафати од исклучителен интерес за граѓаните

„Со огромно задоволство присуствував на церемонијата по повод завршувањето на изградбата браната на Хидросистемот Конско. Граѓаните и земјоделците во три општини во југоисточниот дел на земјата, во Гевгелија, Богданци и Дојран, со изградбата на ХС Конско почната во 2018 година, добиваат капитален инфраструктурен проект за снабдување со вода и за полевање на 13.500 хектари земјоделско земјиште“, напиша на социјалните мрежи поранешниот премиер Зоран Заев кој денеска присуствуваше на церемонијата по повод завршувањето на работите на овој хидросистем.

Заев пишува дека „изградбата на овој хидросистем претставува крупен инфраструктурен зафат и ивнестиција со мултифункционална улога и втор по големина после изградбата на хидросистемот и ХЕЦ Козјак во скопскиот регион изграден во 2004 година“.

„Со инвестициите во капитални инфраструктирни проекти, владите предводени од СДСМ, и тогаш и денеска, ја потврдуваат посветеноста кон зафати од исклучителен интерес за граѓаните како што се хидросистемите кои обезбездуваат чиста вода за пиење, мрежа за наводнување на земјоделски површини за равој на европско конкурентно земјоделство, зголемување на производите за храна и за регионален економски развој“, посочува Заев.

Во објавата на социјалните мрежи тој потенцира дека „освен за наводнување, акумулацијата Конско ќе се користи и за производство на електрична енергија, а дополнително ова вештачко езеро ќе претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на трите општини како место за туристички посети, риболов, рекреација и спорт“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира