Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Започнува кампањата „Радио седмица на македонистиката“

Од 5-11 февруари 2024 година се одржува кампања „Радио седмица на македонистиката“ организирана од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто е поддржана од повеќе радиодифузери. Кампањата содржи дебати, интервјуа, изјави со домашни и странски македонисти, лектори по македонистика на странски универзитети, како и професори, предавачи, лектори и семинаристи на Четвртата зимска школа и Летните школи во Охрид.

Кампањата има цел да ја афирмира македонистиката и дејноста на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје, промовирајќи ја 2024 за Година на македонистиката.

Треба да знаете
Moже да ве интересира