Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Здружението на странски новинари бара од Израел пристап до Појасот Газа

 Здружението на странски новинари во Ерусалим поднесе петиција до Врховниот суд на Израел со барање за итен пристап на меѓународните медиуми до Појасот Газа.

Како што се наведува, нема „суштински одговор“ на неколку барања испратени до Канцеларијата за печат на Владата на Израел, израелската армија и Министерството за одбрана.

Во претходните војни, Израел исто така го ограничи пристапот на новинарите до Газа, но никогаш толку долго.

Палестинската територија сега е целосно затворена откако Израел му објави војна на Хамас пред повеќе од два месеци.

-Слободата на печатот е основно граѓанско право во едно демократско општество. Ние, исто така, веруваме дека е во интерес на јавноста да добие поцелосна слика за состојбите во Газа по десет недели екстремно ограничен и строго контролиран пристап, се вели во соопштението на Здружението.

Здружението претставува 130 медиуми од повеќе од 30 земји, кои работат во Израел и на палестинските територии.

Треба да знаете
Moже да ве интересира