Во Скопје денеска ќе се одржи 20та Меѓународна конференција е-Општество.мк, со која едновремено ќе се прослави и јубилејот 20 години од основањето на Фондацијата Метаморфозис.
Како што најавуваат од Фондацијата, оваа година конференцијата под наслов „Дигитална трансформација за подобар живот“ се фокусира на темите поврзани со создавање на дигитално општество кое ги задоволува потребите на сите вклучени членови, ги почитува човековите права и ги засилува демократските процеси градејќи подобар живот.
-Поконкретно, ќе говориме за општествената одговорност во дигиталната трансформација од институционален, граѓански и бизнис аспект, користа од новите технологии и вештачката интелигенција, медиумската писменост и новите текови и промени во медиумите, масовните повеќенасочни комуникации во кои учествуваме сите, како и безбедносните предизвици кои ги покренува порастот на дезинформации и нивното ширење, наведуваат организаторите.
На дебата за 20 години дигитално општество – Градење патишта за демократска дигитална иднина, воведен збор ќе имаат Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис, Узлем Џанел, амбасадорка на Кралството Холандија и Ана Сиеницка, заменик претседателка на Тексуп глобал (TBC).