Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

„Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме со сите наши партнери и да ја модернизираме Армијата за што годинава ќе бидат издвоени повеќе од 2 отсто од буџетот. Со исполнување на нашиот повеќегодишен стремеж за членство во ЕУ, ќе се подобри и колективната безбедност. Владата денеска на затворена седница ќе одлучува и за нов пакет помош за Украина“.

Ова го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски на конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен