Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дрекслер: Да се фокусираме на градењето доверба

Германската амбасадорка Петра Дрекслер на денешната конференцијата по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“, истакна дека она што ја прави Алијансата силна е единството, се постигнатите успеси. Во контекст на војната во Украина, амбасадорката посочи дека, војната е и тест за солидарноста на Алијансата.  

-Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она, на што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата се фокусираме, значи врз градење на доверба и одржување на довербата меѓу нас. Обидите да се поткопа Алијансата со создавање недоверба да не бидат успешни, рече амбасадорката Дрекслер.

Зачлени се на нашиот е-билтен