Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Порасна цената на биткоините на Пандов, за пет месеци заработи над 230.000 евра

Победата на Доналд Трамп предизвика раст на американските берзи, доларот и криптовалутите. Најпознатата криптовалута, биткоинот, забележа пораст од 39% споредено со јуни, а вчера достигна рекордна вредност од 89.000 долари.

Меѓу оние кои имаат причина за славење е и македонскиот директор на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Во својот имотен лист пријавен кај ДКСК, тој изјавил дека поседува 10 биткоини, кои во моментот на пријавувањето ги проценил на 600.000 евра, односно по 60 илјади евра за еден биткоин.

Со актуелната цена по американските избори, неговите 10 биткоини сега вредат по 89.000 долари (околу 83.840 евра). Ова значи дека заработката на директорот од криптовалутите за помалку од пет месеци изнесува околу 23.840 евра по биткоин или добивка од 238.400 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен