Непознати сторители украле шишиња и пакувања со лекови од штипската клиничка болница, а ја однеле и надзорната камера.
Според пријавата во СВР Штип вчера во 7:41 часот, кражбата се случила во периодот од 8-ми до 11-ти овој месец. Во еден од објектите во кругот на Клиничката болница, крадците влегле насилно, користејќи соодветен алат, при што украле лекови и ја зеле и камерата од ѕидот.
Полицијата работи на расчистување на случајот.