Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

15-годишно момче изболо врсници во два инциденти за три недели во автобус на ЈСП

15-годишен малолетник е осомничен за два инциденти со употреба на нож, во кои повредил две други малолетни лица. Обвинителството отвори подготвителна постапка против детето за кривично дело насилство и побара притвор.

Првиот инцидент се случил на 25 октомври, кога осомничениот, заедно со група непознати лица, започнал конфликт со малолетник. По физички напад, тој извадил нож и ја прободел жртвата во ногата.

Три недели подоцна, вториот напад се случил во автобус на ЈСП во Скопје. Осомничениот, повторно во група, физички нападнал врсник, нанесувајќи му телесни повреди со убоди во главата. Овој настан предизвикал чувство на страв и несигурност кај останатите патници.

По пронаоѓањето на осомничениот, Обвинителството отвори постапка и презеде мерки за санкционирање на насилството.

Зачлени се на нашиот е-билтен