Приведен Албанец на Табановце – Сакал да изнесе 3622 монети со археолошка вредност

На граничниот премин Табановце, вчера во 20:50 часот, полицијата приведе 32-годишен државјанин на Албанија, В.А., кој се обидувал да ја напушти државата. При контрола на автобус со албански ознаки, што сообраќал на релација Албанија–Италија, В.А. бил селектиран за детална проверка. Во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со вкупно 3622 монети со археолошка вредност, со различни форми, големини и потекло.

Случајот веднаш бил пријавен до јавен обвинител, кој наредил монетите да се одземат за понатамошна истрага. Со В.А. бил извршен службен разговор, по што тој бил предаден на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 265 од Кривичниот законик.

Зачлени се на нашиот е-билтен