Заев со честитки за Шекеринска: Ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО

Поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на социјалните мрежи и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, посочувајќи дека македонската дипломатија денеска добива круна.

-Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни напори да обезбедиме мир, стабилност и интеграција со современиот демократски свет, напиша Заев.



Тој додава дека ова е доказ дека Северна Македонија е исклучително важна членка на НАТО.

Најчитано