Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новинарите во цела Грција стапија во 24- часовен штрајк заедно со граѓаните

Новинарите од цела Грција стапуваат во 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на протестите и изразувајќи солидарност со граѓаните.

Новинарскиот штрајк започна денеска, 19 ноември 2024 година, во 5 часот наутро и ќе трае до истото време утре, 20 ноември.

Според одлуката на ПОЕСИ и другите синдикати, Синдикатот на новинари од Пелопонез, Епир и островите (ЕСИЕПИН) се приклучи на 24-часовниот протест организиран од Генералната конфедерација на грчките работници (ГСЕЕ). Штрајкот ги вклучува сите новинари и медиумски работници од весници, списанија, радио, телевизија, портали и новински агенции, како во јавниот така и во приватниот сектор, пренесува Cretapost.

Синдикатите го осудуваат одбивањето на работодавачите да преговараат за колективни договори, што доведува до ниски плати кои не ги покриваат основните животни потреби, особено во услови на висока инфлација. Дополнително, граѓаните се соочуваат со поскапувања на струјата, парното и основните намирници, што ја влошува финансиската состојба на работниците и хонорарците.

Барањата на новинарите:

-Колективни договори и зголемување на платите и пензиите;
-Мерки против инфлацијата и заштита на животниот стандард;
-Достапно и квалитетно домување за сите;
-Намалување на невработеноста;
-Враќање на 13-та и 14-та плата во јавниот сектор и воведување соодветни додатоци за пензионерите;
-Поголем плурализам и веродостојност во медиумите.
-Со овој протест, новинарите ја истакнуваат клучната улога на слободните и доверливи медиуми за заштита на демократијата и јавниот интерес.

Зачлени се на нашиот е-билтен