Центарот за управување со кризи информира дека од ЈСП Скопје ги известе дека поради градежни работи на пат, автобусите на линиите 18, 63А и 118 во еден дел имаат изменета траса на движење, додека линиите 66 и 66А се движат во трасата на 63А.
ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Од Центарот за управување со кризи информираат и дека Институтот за трансфузиона медицина денеска ги реализира следните крводарителни акции: со граѓаните на Гевгелија, на Пробиштип и со граѓаните на Струмица. Па граѓаните на овие три града може да дадат свој придонес во денешните крводарителни акции.