На српскиот министер во оставка Горан Весиќ, на предлог на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад му е одредена мерка притвор до 30 дена, за трагичниот настан кога се урна настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад и животот го загубија петнаесет луѓе, а двајца поради повредите се во животна опасност, дознава Нова.рс.
Вчера на социјалните мрежи се појави снимка како Горан Весиќ со полициски автомобил го носи на распит во полиција.
Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември околу пладне, при што на лице место загинаа 14 лица, додека други тројца беа повредени.
Една девојка, 17 дена по несреќата им подлегнала на повредите во болница.