Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина има недостиг на војници и Администрацијата на Џо Бајден сугерира да ја намали возраста за мобилизација

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја повика Украина да ја намали минималната возраст за воена мобилизација од сегашните 25 години на 18 години за да се компензира недостигот од војници. Повикот е упатен неколку недели пред инаугурацијата на републиканецот Доналд Трамп, кој би можел да преземе нов пристап кон Украина.

Висок претставник на администрацијата на Бајден рече дека Украина се соочува со криза во регрутирањето на војската. 
„Вистината е дека Украина во моментов не мобилизира и не подготвува доволно војска за да ги замени загубите на бојното поле и да се спротивстави на зголемениот број руски сили“, рече претставникот.

Киев веќе ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години.

Белата куќа вчера појасни дека американската воена помош на никаков начин нема да биде поврзана со условот за намалување на старосната граница за мобилизација во украинската армија.

Зачлени се на нашиот е-билтен