Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Коцевски најави вонреден надзор за одолговлекување на постапките за корупција

Јавниот обвинител со исклучителна сериозност ги зема апелите од извршната власт и од јавноста воопшто за зголемување на активноста на сите истражни органи.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, им пиша на јавните обвинители итно да дадат приоритет на предметите за кривични дела од областа на корупцијата, финанискиот криминал и на делата од особен јавен интерес.

„Основните јавни обвинители се задолжуваат во рок од 10 работни дена по донесувањето на Упатството да одржат стручен колегиум на кој ќе го разгледаат обемот на работа на предметите од областа на корупцијата по број на предмети, подносители, преземени дејствија и активни издадени наредби, ќе ги анализираат предизвиците при постапувањето во таквите предмети и ќе изнесат предлози за нивно надминување со цел поефикасен кривичен прогон. За сите овие активности ќе бидат доставени извештаи до Јавниот обвинител, а доколку биде констатирано неоправдано одолговлекување на постапките ќе биде извршен вонреден надзор над постапувањето на соодветните јавни обвинители“– стои во соопштенито на ЈО, а препораката важи и за вишите обвинителства..

Од јавното обвинителство информираат и дека по извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство и констатираната состојба е доставен предлог за поведување дисциплинска постапка против скопскиот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, кој е неодамна беше супсенидиран, и вишиот обвинител Јован Цветановски заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение..

Коцевски го издаде Задолжителното упатсво за зголемување на ажурноста, неколку часа по последните прозивики од ВМРО-ДПМНЕ од каде го посочија за најодговорен за непостапувањето и неработењето на обвинителите. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Коцевски шест месеци не покренал ниту едно обвибниение и дека наместо да го санкционира криминалот, ги ставил под закрила, како што велат, политичките криминалци од СДСМ и ДУИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен